| четврток, 6 декември 2018 |

Убавицата од насловната на Космополитен

Наталија Ореиро ја украси насловната страница на аргентинскиот магазин „Cosmopolitan“ (Космополитен). Уругвајската убавица, вели дека се смета за среќна жена затоа што ја нашла својата сродна душа во аргентинскиот музичар Рикардо Мољо.

„Не би можела да бидам своја и да се занимавам со својата работа без поддршката од Рикардо. Особено среќна сум и го ценам тоа што сум покрај таков човек. Двајцата имаме свои замисли и идеи и еден на друг си даваме доволно простор за да ги рашириме своите крилја“ – вели актерката која е актуелна со серијата „Solamente vos“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top