Македонската филхармонија, вечерва настапи во Битола, каде што под диригентство на маестро Борјан Цанев се претстави со симфониски концерт наменет за најмладите. Оркестарот настапи во Центарот за култура во Битола, каде пред бројната публика, на голема радост на најмладите ја изведе популарната оркестарска свита „Петре и волкот“.
„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Свитата е напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.
И овој пат наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски ги водеше децата низ авантурите на Петре.
Гостувањето на Македонската филхармонија во Битоле беше пред преполна сала, а концертот беше проследен со овации.
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.