| четврток, 6 декември 2018 |

Островите во Грција се продаваат по цена на куќа во добар кварт во Лондон

Атина продолжува да продава мали острови и тоа некои за цена до 3 милиони евра – колку што чини живеалиште во добар кварт во Лондон, пишува “Бизнис инсајдер”, објави порталот „Локално“. Десетици Острови се за продажба и за 6, 10 до 40 милиони евра во обид на Владата да го заштеди секое евро по волјата на доверителите, од кои чека нова финансиска помош.

На сајтот Private Islands Online пример полуостровот Лихнари крај Коринт од 95 акри се нуди за 3 милиони евра. За 3,5 милиони евра продаваат дел од Кикладскиот остров, Китнос за 4,5 милиони евра. Строгило од Додеканезите за 6,5 милиони, Кардиотиса, 15 милиони евра оди Јонскиот Св. Тома крај Атина, а најголемиот остров на продажба – Јонското Дуликиум, е оценет на 40 милиони евра. Весникот посочува дека за 2 до 3 години цената на островите нагло опаднала дури и на половина.

Во меѓувреме британскиот “Гардијан” соопшти дека во Грција ќе поскапат пивото, кафето, хотелите, сладоледот, таверните, таксистите, билетите за авиони и фериботи и др. Причината е претстојното повисоко оданочување на стоки и услуги. Новите мерки треба да бидат разгледани во парламентот во четврток и да бидат одобрени пред средбата на министрите за финансии од ЕУ на 24 мај. Ако таа помине успешно, Атина ќе добие нова транша од 12 милијарди евра во рамките на третиот спасувачки план. Но, ако тоа не се случи, Грција повторно ќе се соочи со банкрот во јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top