| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков се враќа на чело на МВР, Спасов е министер за труд и социјална политика

 

dime i mitko

Со 69 гласа ЗА и 31 ПРОТИВ Собранието го изгласа Митко Чавков за ново-стар минситер за внатрешни работи. На чело на Минситерството за труд и социјална политика се врати Диме Спасов, за кого позитивно гласаа 67 пратеници, а 31 негативно.

Собранието гласаше на предлог на премиерот Емил Димитриев, кој ги предложи Диме Спасов и Митко Чавков за да нови министри на испразнетите минситерства (МВР и МТСР), откако е јасно дека нема избори и влада за спроведување на избори, а врз основа на нивното искуство во секторите. Тој очекува да продолжат со исполнување на приоритетите цво секторите во кои ќе раководат.

Во меѓувреме седница треба да одржи Комисијата за почитички систем.
Седицата на Собранието ќе продолжи во 18 часот, по предлогот на Талат Џафери од ДУИ за бришење на 82 точка од Изборниот законик, во која се наведен 5 јуни како датум на избори и специфичните правила за медиумите во предизборниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top