Стивен Џерард си замина од „Енфилд роуд“ и игра во МЛС – лигата во САД, но неговото срце секогаш е со Ливерпул. Легендарниот капитен на „црвените“ им испрати емотивна порака на фудбалерите на Јирген Клоп во пресрет на вечерашното финале од Лигата на Европа против Севилја.
– Донесете го дома, момци -напиша Џерард, истакнувајќи ја фотографијата кога тој го подигна во рацете пехарот од ова натпреварување во 2001 година кога имаше само 21 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.