Технологијата на гол-линијата вечерва првпат ќе биде искористена на натпревар од европските купови.
Честа да ја исползуваат ќе ја имаат Ливерпул и Севилја кои се среќаваат во финалето од Лигата Европа, а “Соколовото око” ќе се употреби и во финалето од Лигата на шампионите и потоа на Европското првенство во Франција. Иновацијата се состои од 14 високотехнолошки камери кои следат се што се случува на двата гола. Системот има директна врска со дополнителните судии кои стојат на гол-аут линијата.
– Технологијата на гол-линијата и судиите зад головите се дополнуваат перфектно – изјави шефот на судиската комисија при УЕФА, Пјерлуиџи Колина.
“Соколовото око” од идната сезона ќе се користи постојано во Лигата на шампионите, а се уште се разгледува можноста за негова употреба и во Лигата Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.