Шпанскиот репрезентативен голман Давид Де Хеа, кој беше на чекор до трансфер во Реал Мадрид, но истиот пропадна, би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. „Кралевите“ се подготвени да ја исправат грешката што се случи со задоцнетото пополнување на документите за регистрација и да го купат од Манчестер јунајтед за сума од 50 милиони евра, пишува „Ел Конфиденшл“.
Повторно во трансферот ќе биде вклучен и Кејлор Навас, кој имаше одлична сезона во дресот на Реал Мадрид, иако остана меѓу „кралевите“ само затоа што не се реализира доаѓањето на Де Хеа. Тој требаше да замине на „Олд трафорд“, но во последен момент транферот се изјалови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)