Починала 26-годишна родилка во Чаир, бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести, објави „Нова ТВ“.
Како што објави порталот, според директорот на гинекологија Чаир, младата жена во болницата дошла во 9. 30 часот изутрината во тешка состојба со отежнато дишење, цијанидни, помодрени усни по што веднаш била качена на интензивна нега каде што била реанимирана и и бил даден кислород. Но, состојбата станувала се подраматична, родилката почнала да запаѓа во кома. По еден час реанимација, докторите одлучиле да ја породат, за да го спасат бебето.
По операцијата со царски рез, со возило на Итна медицинска помош, со двајца анестезиолози и гинеколог во придружба, родилката околу пладне била пренесена во Градската хуруршка болница „Св. Наум Охридски“.
Бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.