Фудбалерите на Шкендија за првпат го освоија Купот на Македонија, откако во финалето на 24. издание на вечерва на арената „Филип Втори’’ во Скопје, со 2:0 ги совладаа минатогодишните победници Работнички .
Шкендија поведе уште во 7 минута со голот кој го постигна Марјан Радески. По водството на тетовци, Работнички полека, но сигурно ја презеде иницијативата во желба да дојде до посакуваното израмнување.
Сепак, целосната напаѓачка ориентираност на „романтичарите’’ кои се обидуваа да стигнат до израмнување, Шкендија ја искористи , па по една брза контра во четвртата минута од судиското дополнение Жиниор ги постави конечни 2:0.
Финалето не помина без возбуда. Во 65 минута, натпреварот беше прекинат откако навивачите на Шкендија, популарните Балисти, предвреме ја прославија победата со многу пиротехника, што на теренот предизвика пожар. (повеќе тука)
Шкендија конечно во третото свое финале за првпат го освои трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас. Претходно Шкенија ги загуби финалните пресметки, со Македонија ЃП во 2006 година (2-3) и со градскиот Тетекс во 2013 година (5-6 на пенали, 1-1). Со ова тетовци станаа 13-тата тим кој успеал да го осввоји пехарот во Купот на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.