| четврток, 6 декември 2018 |

Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на Зоран Божиновски

Човекот кој себе се нарекува новинар, а со години уценува и рекетира, прислушуваните разговори ги добил од СДСМ во времето кога беше во бегство во Србија, како обвинет во аферата „Шпион“ и тоа на два начина: дел му биле доставени преку интернет, дел лично на рака од високиот полициски функционер Јовче Ременски (сопругот на Фросина Ременски) и кадар на техничкиот министер Оливер Спасовски, ексклузивно дознава Вечер

1 zaev bozhinovski remenski

Кој му ги достави прислушуваните телефонски материјалите на Зоран Божиновски во Србија? Дали ги добил лично или по интернет? Кој го посетувал во Белград и со кого комуницирал додека беше во бегство?

Пред извесно време Зоран Божиновски самиот, преку статус на ФБ, призна дека ги поседува прислушуваните разговори и докази за наводни криминали и трансфер на пари, кои му биле доставени од некои лица, кои немаат врска со ексдиректорот на Агенцијата за спречување перење пари Ване Цветанов, исто така обвинет во аферата „Шпион“. Дел му се доставени преку интернет, но дел лично на рака.
Вечер ексклузивно дознава дека сопругот на Фросина Ременски, Јовче, е човекот кој лично му ги доставил прислушуваните разговори на Зоран Божиновски на хард диск.

Точни се и тврдењата на Божиновски дека имал политичка заштита од Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, кој во времето на откривање на аферата „Шпион“ и потоа беше министер за внатрешни работи на Србија и одби да го испорача Божиновски во Македонија. Божиновски на социјалистите им ги предал материјалите со кои располагал во замена да не го екстрадираат.
Затоа, на два дена пред изборите во Србија, на 22 април, тој беше уапсен и екстрадиран во земјава, кога беше јасно дека социјалистите немаат никакво влијание во полицијата и ја губат политичката моќ во владата на Србија. Во неговото апсење и екстрадиција учествувале српската полиција и германската БНД, која се вклучила во целиот случај по сознанието дека високиот полициски функционер од македонската полиција Јовче Ременски, лично му ги доставил прислушуваните разговори на Божиновски во Србија, и по средбите со Зоран Заев во Белград.
Како е фатен Божиновски

Зоран Божиновски имал проблем да ги отвори прислушуваните материјали и наводните докази за криминал кои преку интернет му ги испратиле лица од СДСМ и побарал помош, но тогаш српската полиција ја пресретнала оваа информација, испратила свои луѓе и ги симнала материјалите за себе, тврди Вечер. Подоцна истите материјали се предадени на пријателската служба БНД. По увидот, договорено е целата операција на негово апсење и екстрадиција да се изведе заеднички.

Што објавуваше на ФБ додека беше во бегство

Божиновски стои и зад објавувањето на голем број снимки кои потекнуваат од нелегалното прислушување. Тој кон крајот на февруари и во март годинава објави приватни разговори на членови на раководството на ДУИ, но и на новинари и уредници на електронски и пишани медиуми.
Според извори во истрагата, снимките му се дадени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку неговите соработници Захир Беќири-Чауш, Зоран Верушевски и Љупчо Палевски.
Според нашите извори, сите прислушувани разговори кои му биле дадени тој ги доставил и до српските безбедносни служби во надеж дека со тоа ќе купи време и поени и нема да биде екстрадиран во Македонија.
Според неофицијални информации од српското МВР при претресот во неговиот стан во Нови Сад биле најдени околу две илјади снимки од нелегално прислушувани разговори на членови на раководството на ДУИ и уште петстотини разговори на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top