| четврток, 6 декември 2018 |

Петтемина најмоќни: Генерали кои победуваат

Најмоќните воени лица во светот, според енергијата, знаењето, чиновите и образованието

Рахил Шариф – пакистански генерал

Началникот на генералштабот на Пакистан го зазема првото место на сите листи на најмоќни генерали. Причини за тоа, секако, не е воената сила со која управува, бидејќи неговата армија е дури 13. на светот, како ни нуклеарниот арсенал кој го има. Станува збор за фактичката моќ која ја стекнал на таа функција, борејќи се против талибаните. Шариф е генерал кој ја води и надворешната политика на земјата, бидејќи повеќето соседи знаат дека е подобро да се договорат со него, отколку со претседателот или премиерот на земјата.

Рахил Шариф

Валериј Герасимов – руски генерал

Началникот на генералштабот на руските вооружени сили и заменик министер за одбрана, се наоѓа на второто место на листата најмоќни генерали, кое го преземал од американскиот колега по интервенцијата во Сирија. Авијацијата и артилеријата под негова команда, хируршки прецизно и ефикасно ги уништувале терористичките групи.

Валериј Герасимов

Џозеф Данфорд – американски генерал

Началникот на генералштабот на САД се наоѓа на највисоката функција од 1. октомври 2015. година. Овој маринец е ценет во својата земја, и бил командант на сојузничките сили во Авганистан. Сепак, високото место на листата не му го обезбедува личната моќ, туку фактот што војската со која командува се смета за најмоќна во светот.

Џозеф Данфорд

Фанг Фенгхуеј – кинески генерал

Началникот на генералштабот на Кина во Народноослободителната војска е од 1968. година. Војската под негова команда е една од најмоќните, а зајакнувањето во последните неколку години е негова заслуга. Покрај воената функција, тој е член и на Централниот комитет на Комунистичката партија, и тоа му дава дополнителна моќ во својата земја.

Фанг Фенгхуеј

Хулуси Акар – турски генерал

Началникот на генералштабот на Турција и во својата земја, но и во НАТО, важи за еден од најдобрите стратези. Иако покажал дека неговата армија не се плаши ни од руската, се смета дека под него дошло до слабеење на влијанието на војската.

 

Хулуси Акар

Извор: Точка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top