| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Риголето“ утре на „Мајски оперски вечери“

Во вторник, 17 мај, 2016 г. во рамките на 44 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди. „Риголето“ се смета за една од најубавите музичики драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов Човекот кој се смееше).

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Риголето, Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико), Џилда ќе ја толкува, Зана Абази-Рамадани (Косово), Војводата од Мантова, Михаил Михајлов (Бугарија), Спарафучил, Владимир Саздовски, Мадалена, Вишња Радосав, во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Васко Здравков, Диме Петров, Билјана Јосифов,  Кристијан Антовски,  Дарко Нешовски,  Ана Ројдева-Талевска, Десанка Глигоријевиќ и Невен Силјановски.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Марчано.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top