63-годишната актерка Неда Арнериќ, која доживеа страшна несреќа, е подготвена да си оди дома. Таа вчера ги известила лекарите кои се грижат за неа дека сака да оди во својот дом бидејќи по депресијата во која западна и поради која не сакаше да зборува со никого, сега се чувствува подготвена да си замине дома. Таа прозборува со лекарите за да им каже дека иако првенствено се согласила да остане во болница, сепак сега сака да оди дома и да заздравува со најблиското семејство и пријатели.
Актерката денеска или утре може веќе да биде во својот дом.
Неда се здоби со повреди на ’рбетот на 8 мај кога падна од тераса, од третиот кат на станот во кој живее. Таа скрши три вратни прешлени и на почетокот лекарите не беа оптимисти за подобрување на состојбата, но драмата не заврши со кобен крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.