| четврток, 6 декември 2018 |

Битола: Превентивни мерки во пресрет на матурските прослави

СВР-Битола во пресет на матурските вечери ќе ја зајакне сообраќајната контрола на патиштата од нејзина надлежност. Воедно апелира, прославувањето на матурските вечери да биде достоинствено и без безбедносни последици.

0-blesnete-na-vashata-maturska-proslava-www.kafepauza.mk_-595x310

Секторот за превенција при СВР Битола порачува, да не се користат алкохол и дрога, ниту да се управуваат моторни возила под дејство на алкохол и дрога, да се избегнуваат кавги, расправии и тепачки, да не се употребуваат огнено оружје и пиротехнички средства, како и да се почитуваат законите зашто, како што истакнува во соопштението, за безбедноста на сите, секој е одговорен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top