| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен терористички акт: Пронајдена „пајп бомба“ во тоалет на „Олд Трафорд“

По одлагањето на мечот Манчестер Јунајтед – Борнмут на „Олд Трафорд“ стигна сопштение дека “заканата од тероризмот е сериозна и мира да се преземат сите неопходни мерки.

Островските медиуми открија дека во еден тоалет на северо-западниот дел на стадионот пронајдена е „пајпa бомба” на која бил закачен мобилен телефон за преку повик да се активира уредот и да предизвика експлозија. „Пајп бомбата“ е направена од парчиња метални цевки полни со експлозив.

Скоро два часа по празнењето на стадионот и натаму се испитува теренот во Манчестер од евентуални нови закани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top