Најмалку три лица се убиени, а 26 се повредени во саботата во масовна тепачка на најголемите гробишта на руската престолнина Москва, а според полициските извештаи пресметката избувнала поради конфликт околу добивање работа.
„Во моментов имаме тројца мртви и 26 ранети“, изјавил портпаролот на здравствениот оддел на Москва, прецизирајќи дека 23 повредени се хоспитализирани и меѓу нив четворица се сериозно се повредени.
Според руските медиуми, околу 200 луѓе користеле огнено оружје за време на судирот на гробиштата на југозападот од Москва. Станува збор за имигранти од поранешните советски републики Убзекистан, Таџикистан, и од друга страна и од руските кавкаски републики Дагестан и Чеченија, кои масовно доаѓаат во Русија во потрага по работа, се наведува во извештаите.
Околу деведест лица се притворени, откако полицијата успеала да ја растури толпата.
Според прелиминарниот извештај на полицијата, судирот избувнал за време на конфликтот на етнички групи од поранешните советски републики од централна Азија, кои се конкурирале за дел од доходовниот бизнис во погребните услуги на Хованските северни гробишта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.