| четврток, 6 декември 2018 |

Очигледни знаци дека треба да имате секс – што побргу!

Порталот „The Frisky“ ја состави оваа листа од 15 знаци во кои ако се пронајдете, под итно треба да започнете да „работите на случајот“.

  1. На празната половина во вашиот кревет ќе најдете чорап кој сте заборавиле и дека постои, списание од 2009-та и фрлено парче пица (или било кој вид на храна).
  2. Најпрашливото и настаро нешто во вашата чанта или новчаник е кондомот „за секој случај“ кој не сте го искористиле во никој случај.
  3. Пријателите повеќе не ве прашуваат дали имате секс
  4. Но, вашата мајка ве прашува
  5. Во друштво сте најгласни на темата СЕКС, а всушност само вие вечерта ќе си заминете дома сам/а
  6. Се трудите, но не можете да се сетите како тоа изгледаше францускиот бакнеж
  7. Не сте ја издепилирале бикини зоната уште од минатиот одмор
  8. Се гледате во огледало повторувајќи – Па, не сум ТОЛКУ лош/а
  9. Се гледате во огледало, се обидувате да го вовлечете стомакот, а потоа легнувате и јадете сладолед (или било кој вид на храна) додека не заспиете
  10. Почнувате да верувате дека никој никаде нема секс освен вашиот цимер/ка од чија соба секоја вечер допираат воздишки од различен партнер
  11. Знаете што е подобро од сексот – Чипс и далечински управувач. И вино (се разбира)
  12. Веќе однапред знаете дека на идниот сексуален партнер ќе му кажете дека одамна не сте имале односи (за секој случај, ако тргне нешто наопаку)
  13. Некогаш имате чувство дека некој ве претепал со стап по интимните делови
  14. Понекогаш и заборавате дека тие воопшто постојат
  15. Можете да се тешите дека не е толку страно да се нема секс 16 години, но вистината е дека тоа е во ред само кога се работи за првите 16 години од вашиот живот.

Бонус од нас – 16. Ја читате оваа статија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top