Порталот „The Frisky“ ја состави оваа листа од 15 знаци во кои ако се пронајдете, под итно треба да започнете да „работите на случајот“.
- На празната половина во вашиот кревет ќе најдете чорап кој сте заборавиле и дека постои, списание од 2009-та и фрлено парче пица (или било кој вид на храна).
- Најпрашливото и настаро нешто во вашата чанта или новчаник е кондомот „за секој случај“ кој не сте го искористиле во никој случај.
- Пријателите повеќе не ве прашуваат дали имате секс
- Но, вашата мајка ве прашува
- Во друштво сте најгласни на темата СЕКС, а всушност само вие вечерта ќе си заминете дома сам/а
- Се трудите, но не можете да се сетите како тоа изгледаше францускиот бакнеж
- Не сте ја издепилирале бикини зоната уште од минатиот одмор
- Се гледате во огледало повторувајќи – Па, не сум ТОЛКУ лош/а
- Се гледате во огледало, се обидувате да го вовлечете стомакот, а потоа легнувате и јадете сладолед (или било кој вид на храна) додека не заспиете
- Почнувате да верувате дека никој никаде нема секс освен вашиот цимер/ка од чија соба секоја вечер допираат воздишки од различен партнер
- Знаете што е подобро од сексот – Чипс и далечински управувач. И вино (се разбира)
- Веќе однапред знаете дека на идниот сексуален партнер ќе му кажете дека одамна не сте имале односи (за секој случај, ако тргне нешто наопаку)
- Некогаш имате чувство дека некој ве претепал со стап по интимните делови
- Понекогаш и заборавате дека тие воопшто постојат
- Можете да се тешите дека не е толку страно да се нема секс 16 години, но вистината е дека тоа е во ред само кога се работи за првите 16 години од вашиот живот.
Бонус од нас – 16. Ја читате оваа статија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.