| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде највреден ресурс, а не е вода, ниту нафта!

По водата и нафтата се појави природен ресурс чија вредност е толку голема, што околу него можат да се водат и војни. Песокот е нешто што го земаме „здраво за готово“ и што го има во изобилство. Сепак побарувачката за овој ресурс е толкава што веќе има и црн пазар. Песочната мафија е одговорна за ерозија на земјиштето во Јамајка, а веќе е сосема нормално наоѓалиштата на песок да ги чуваат вооружени луѓе.

pesok

Како градежен материјал песокот го помина тестот на времето поради тоа што се користи уште од стариот Египет 3500 година пред новата ера. Денес се користи за многу нешта од изградба на базени, до екрани на мобилните телефон и забни пасти.

Со светскиот бум во градежништво, но и новите технологиии кои се користата при бушење на нафтата побарувачката за песокот нагло се зголемила. Во 2014 година производството изнесувало 196 милиони тони. Минатата година пазарот за песок во САД изнесувал 8,7 милијарди долари. По водата ова е најмногу користен природен материјал.

Побарувачката за песок е нерамномерно распределена на планетата. Кина во изминатите 4 години потрошила повеќе песок отколку САД во минатиот век. Кина инаку е петтиот најголем увозник на песок на свет. Дури и Обединетите Арапски Емирати увезле песок во вредност од 456 милиони долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top