Недостатокот на квалификувани кадри може да ги запре новите проекти во автомобилската индустрија кај нашиот источен сосед.
Се бараат се илјадници специјалисти за новите фабрики.
6 проекти во областа на автомобилската индустрија очекуваат да се реализираат во текот на оваа година од Агенцијата за инвестиции. Инвестициите се за 300 милиони лева а работните места над 2000.
Дел од компаниите кои веќе работат во Бугарија планираат да го прошират своето производство на штопови, трепкачи и кабли.
Други 3 компании пак требало да побараат терени, на кои ќе започнат нови постапки, пренесуваат бугарските медиуми.
Во фабрика во близина на Софија се произведуваат панели за управување со автоклими. Производството се извезува главно во Германија, а а од компанијата објаснуваат зошто избрале да инвестираат над 60 милиони лева во Бугарија.
„Членството во Европската унија, на второ место имате добар образовен систем, имате многу универзитети и високо квалификувани кадри. Даноците се разбира беа другата причина поради која одлучивме да инвестираме во Бугарија“, коментира менаџерот Мартин Ниланд.
Според податоците на Агенцијата за инвестиции до сега веќе околу 100 компании произведуваат различни делови за автомобили. „8 од 10 возила кои се движат по патиштата на Европа имаат делови кои се произведени во Бугарија“, вели Стамен Јанев од Бугарската агенција за инвестиции.
Споредбата со соседните Србија и Романија, сепак не е во наша полза. Во Бугарија има и само една компанија која составува авотомобили, но таа не е меѓу најголемите на пазарот во Европа. „Во Романија и Србија гледаме од точка А до точка Ш производство на автомобили – тоа е нешто што се уште не можеме да го видиме во Бугарија“, забележува Јавор Алексиев од Институтот за пазарна економија.
За инвеститорите кај нашиот источен сосед проблем останува недостигот на доволно квалификувани кадри и лошата инфраструктура.
Статистиката предвиде уште дека вработените во секторот производство на автомобили и авто делови се зголемуваат со секоја измината година – од малку над 11 илјади лица во 2010 година до 20 илјади на крајот на минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.