Уличен графит во главниот град на Литванија, Вилнус, го прикажува Доналд Трам како страствено се бакнува со рускиот претседател Владимир Путин.
Муралот на ѕидот на еден ресторан за кратко време стана хит на социјалните мрежи во Литванија, а во исто време сведочи за загриженоста на јавноста во оваа балтичка земја поради пријателскиот однос на Трамп кон Москва. Уметничкото дело во Вилнус алудира на познатата фотографија од 1979 година кога тогашниот советски лидер Леонид Брежњев го бакна претседателот и сојузник, Ерих Хонекер, лидерот на тогашната комунистичка Источна Германија.
– „Братски бакнеж“ меѓу двајцата комунистички лидери од периодот на студната војна е овековечен своевремено и на познатиот графит на Берлинскиот ѕид. Се чини дека имаме нова студена војна, а Америка можеби ќе има претседател кој бара пријателство со Русија – изјави Доминикас Чачкаушкаш кој го нарачал гигантскиот мурал на надворешниот ѕид на својот ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


