| четврток, 6 декември 2018 |

Која долна облека прилега на вашиот тип на задник? (ФОТО)

Формата на задникот зависи од поставеноста на карлицата и колковите, количината на масти и нивната распределеност, големината на мускулите на задникот и начинот на кој тие се прицврстени за бутната коска. Резултатот од сите овие параметри е задник кој припаѓа на една од петте можни категории.

1. Форма на квадрат

(2) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Доколку линијата помеѓу вашите колкови и надворешната страна на бутовите паѓа под прав агол надолу, вашиот задник има форма на квадрат.

Идеалната долна облека за вас: Женски боксерки, бикини, танга, сите овие се удобни и совршено стојат на жени со рамен задник во форма на квадрат. Избегнувајте обични гаќички со еластични рабови кои имаат вишок материјал, бидејќи се набираат и може да не изгледаат убаво под облеката која ја носите.

 

2. Форма на V

(3) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Ако линијата помеѓу карлицата и колковите паѓа под остар агол навнатре, тогаш вашиот задник е во форма на V. Овој облик на задник е најчест кај жени што имаат широки раменици и многу тесни колкови.

Идеалната долна облека за вас: Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини што немаат големи отвори за нозете бидејќи во спротивно нема целосно да го покријат вашиот задник. Задникот во форма на V може да делува како да е спуштен, па затоа внимавајте отворите за нозете да бидат така поставени што ќе можат да го обликуваат задникот и да му дадат подефинирана форма.

 

3. Форма на А

(4) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Жените со крушовиден облик на телото обично имаат задник во форма на А и широки колкови.

Идеалната долна облека за вас: Доколку имате задник во форма на буквата А, веројатно имате пополни бутови и затоа најудобно би ви било во долна облека со поголеми отвори за нозете. Носете танга, бикини или боксерки од растеглива чипка, а одбегнувајте гаќички со еластични рабови кои можат да бидат неудобни.

 

4. Форма на круг

(5) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Тука нема што многу да се објаснува, доволно е само да се споменат имињата Ким Кардашијан, Бијонсе и Џеј Ло и веднаш сè ќе ви биде јасно. Доколку сакате да имате задник во кружна форма, кој денес е многу популарен, треба да работите на тоа да ги зацврстите мускулите за тој да изгледа поистакнато.

Идеалната долна облека за вас: Кружниот задник си бара повеќе материјал за да може целосно да биде покриен, во спротивно делот од долната облека што се наоѓа помеѓу нозете ќе се помести наназад и ќе го спушти ластикот напред на половината. Танга, длабоки гаќички и растегливи боксерки со централен шев се идеални за вашиот облик на задник.

 

5. Форма на превртено срце

(6) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Овој облик на задник, исто како и кружните задници, подразбира крива линија на надворешната страна од колковите, но со поголем волумен на долниот дел од колкот.

Идеалната долна облека за вас: Поради тоа што вашиот задник и колкови се полни, а бутовите ниски, гаќички со високи отвори за нозете нема целосно да ви го покријат задникот. Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини со ниски отвори за нозете. Ако сте загрижени дека задникот ви изгледа спуштен, видете дали отворите за нозете на вашата долна облека му даваат форма на задникот создавајќи ја илузијата на „поткренат задник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top