На Јелена Карлеуша и стана пракса од време на време да сподели по некоја провокативна фотографија на социјалните мрежи, но изминатиот викенд реши да ги почести обожавателите со серија секси фотографии.
Пејачката по се изгледа ги следи модерните трендови, па се фотографирала во бањата, а своите облини ги истакна во провокативна долна облека.
Карлеуша освен фотографиите од бања сподели и фотографија од настап покажувајќи им на сите дека ниту се здебелила ниту пак има проблем со целулитот како што многумина медиуми од регионот пишуваа во изминатиот период.
Пејачката сподели и неколку фотографии од минатото со кои ја заврши серијата жешки фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.