Во мултимедијалниот клултурен центар „Матица екслузив“ беа промовирани книгите за деца „Златенца“ и „По утрото денот се познава“ од Жаклина Михајлова, во издание на „Матица македонска“…
За овие интересни книги говореше познатиот македонски писател за деца Стојан Тарапуза, а стихови говореа учениците од Основното училиште „Гоце Делчев“ од Скопје.
Стихозбирката „Златенца“ содржи 53 песни наменети за развивање кај децата на древната македонска вештина за рецитирање.
Сликовницата „По утрото денот се познава“ е иновација во македонската литература за деца. Дејствието се случува во урбаната современа средина во Скопје. Главниот јунак е Нина, петгодишно девојче, кое живее заедно со семејството и со нејзината баба, која ја подучува на убавото однесување и на древните македонски традиции. Нина, со нејзиното однесување ги насочува децата на позитивно однесување во животот. Сликовницата се продава со волшебната кутија, како подарок.
Жаклина Михајлова е автор книги за деца и за возрасни, како и на практикуми за изучување на македонскиот јазик, наменети за децата на македонската дијаспора. Живее и твори во Сиднеј, Австралија и спаѓа во редот на истакнатите афирматори на македонската култура и историја.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Центарот на писателите на Нов Јужен Велс од Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.