По успешното прикажување на авторскиот моноспектакл на Никола Тодороски, „Писма од земјата“, на интернационалниот фестивал за монодрама во Битола, претставата ќе ја доживее својата премиера во познатиот софиски театар Салза и Смјах…
На 15 мај со почеток во 19 часот софиската публика ќе има можност да ја погледне претставата која настана како копродукциски проект меѓу Никола како автор на проектот и Народен Театар Охрид.
– За мене оваа премиера претставува огромно задоволство. Среќен сум што дел од репертоарот на Народен Театар Охрид ќе излезе од границите на државата. Да се настапува пред софиската публика е голема чест и предизвик. Театарот е гордост на луѓето кои живеат во Софија така што нема да биде лесно да се задоволат нивните апетити за добра претстава. Од друга страна јас уште како студент посакував еден ден да настапувам на сцената на театарот Салза и Смјах. Еве полека полека старите мечти се остваруваат и создаваат простор за нови поголеми – вели Тодороски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.