Жељко Кикел со години беше член на сектата Јеховини сведоци. Имено Жељко во Лондон бил и старешина на една нивна група. Она што го видел изминатите години го натерало тој да ја напушти организацијата и да почне да ја истражува вистината, чиешто преиспитување му било строго забрането. За српскиот сајт 24сата.рс Жељко открива како изгледа животот во секта.
Како што вели во 1994 година во Лондон им се приклучил на Јеховините сведоци и со години служел како старешина и довил увид во некои практики поради кои во 2009 година си заминал засекогаш.
Жељко денеска го работи сајтот Слободна мисла, кој го преипитува учењето на секатата. Тој за српскиот сајт откриа што се крие зад завестата на мистеријата која ја обвиткува оваа контроверзна организација.
– Ги напуштив Јеховините сведоци, зашто веќе не можев да го издржам тој начин на живот. Моето напуштање дојде како резултат на повеќегодишни сомнежи кои се развија особено во подоцнежниот период додека служев како старешина и претседател на едно собрание во Лондон. Начинот на кој се решаваа некои проблеми и како некои членови беа третирани се помалку ми се допаѓаше, вели Жељко.
Еден од главните начини на воведување на нови членови е проповедање од врата на врата. Многу Сведоци веруваат дека ова е библиски принцип и барање, но Жељко тврди дека одѕивот се намалил, па се става поголем акцент на кршевање на децата од семејствата на самите верници, од кои многумина ги кријат своите предрасуди.
– На прв поглед се многу пристојни и човечни кон сите, но религијата ги у;и дека другите религии се дел од поредокот на САтаната и веруваат дека сите останати религии во Армагедон ќе бидат уништени и дека на крајот на краиштата тоа и го заслужуваат.
За да станат членови на организацијата, луѓето мораат да го поминат библискиот курс, а потоа откако потполно да се нурнат во вода слично како при класичното крштевање, лицето станува објавител. Потоа, тврди Кикел, почнува манипулацијата на членовите, на кои им велат дека се е тоа Божја волја.
Членовите се охрабруваат да се жртувааат материјално, а со свето време и работата во организацијата под убедување дека сите тие жртви се мили, прифатливи и дури и пожелни од страна на богот Јехова. Финансиската структира на целата организација е организирана пирамидално, така што парите секогаш се движат кон повисоките структури во вид на подарок, а по потреба им се позајмува на пониските структури.
Системот е корумпиран и парите секогаш се движат кон врвот кој навистина има многу пари, имот и моќ. Просечен јеховин сведок не е ни свесен колкаво е тоа количество добра што го поседува организацијата и верува дека се е рамноправно, нагласува Кикел.
Секое преиспитување на постапката на лидерот доведува до етикетирање на челнот како поклоник на Сатаната и целосно отфрлање.
– Тоа личи на фашистичко уредување кое се базира на контрола на мислите. Има луѓе кои ќе се принајдат во тоа, но никому не би му советувал да појде во таа авантура. Положбата на старешина носеше углед и признанија кои очигледно му импонираа на моето его, но сепак, превладеа срцето. Не можев веќе да се преправам. Се ми се смачи. Во почетокот мислев дека сум лош човек, но две години откако ја напуштив организацијата почнав да го истражувам материјалот кој порано не сакав да го читам и дури тогаш го видов вистинското лице на овој деструктивен култ – предупредува Кикел.
Иако знае дека ова искуство го променило, нагласува дека сечии убедувања треба да се почитуваат, но секогаш да се биде многу внимателен.
– Секој го избира својот пат. Јас мислам дека луѓето сами го менуваат својот Ѓивот било на подобро било на полошо и никако не би требало да се китиме со туѓи перја. Моралот, добрината и љубовта треба да се плодови на личното созревање и разбирање, а не последица на некои правила. По сите мои духовни и буквални талкања се вратив на самиот почеток навидум со празни џебови, но збогатен со искуства кои не можат да се купат, заклучува бившиот старешина.
Во што веруваат Јеховините сведоци:
– По смртта душата не продилжува да живее, туку по Армагедонот верните Јеховини сведоци ќе бидат воскреснати во материјален Ѓивот на Земјата, додека на небото ќе заминат само 144.000 миропомазани луѓе, кои од небото ќе владеат заедно со Христос во текот на неговото илјадагодишно владеење.
– Јеховините сведоци по правило заземаат неутрален став (значи, не како личен избор) кога се поздравува национален симбол, знаме, химна и сл. Исто така, одбиваат да служат војска и не прифаќаат вработување во сектори кои имаат врска со политика, војска или дрЃавна безбедност.
– Не го прифаќаат учењето за светото тројство, туку веруваат дека Исус Христос Јеховин (создателот) е првороден син и дека светиот дух не е личност туку активна божја сила.
– Практикуваат многу стриктно избегнување и прекинување на сите односи со исклучените и со оние кои самоволно ќе ја напутат организацијата (дури и ако се работи за блиски членови на семејството).
– Одбиваат трансфузија на крв, иако новите струи се трудат да го променат тоа.
– Еднаш годишно одржуваат конгрес во Белградската арена.
– Се претпоставува дека во Македонија во моментов има околу 2000 јеховини сведоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Први папарацо фотографии: Внуката на српската принцеза беше во канџите на сексуален манијак
-
Прва фотографија – еве како изгледа и во каква состојба е внуката на принцезата, после скандалот со сектата
-
Напаѓачот кој уби 27 лица во црква во Тексас сметал дека „верниците се глупави“
-
Две мистериозни самоубиства за два дена – пронајдени траги од секта