Две момчиња, 26-годишниот П.П. и 30-годишниот Г.Т. биле пронајдени мртви во претходните два дена во Врњачка Бања, а двете момчиња си го одземале својот живот со огнено оружје.
-„Во моментов не е познато што ги предизвикало овие трагедии. Двата случаи не се поврзани еден со друг. Двете момчиња се од угледни семејства. Младиот П.П. неодамна дипломирал како еден од најдобрите студенти на својот факултет. Полицијата ги презема сите мерки за расветлување на случајот.“- велат од полицијата.
Според неофицијални информации, Г.Т. имал здравствени проблеми, а полицијата во неговата соба пронашла литература која води кон сомнеж дека бил поврзан со некаква секта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.