| четврток, 6 декември 2018 |

Казна за Ерменија – инцидент на „Евровизија“

Официјалните лица на „Евросонг“ ја осудија натпреварувачката на Ерменија, која во текот на својот настап во Стокхолм, мавташе со знамето на спорната азербејџанска областа Нагорно-Карабах.

Ерменската пејачка Ивета Мукучјан мавташе со тоа знаме во текот на првата квалификациска вечер. Областа Нагорно-Карабах, претежно населена со Ерменци е во составот е Азербејџан, но е под контрола на ерменските сепаратисти.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) која е организатор на „Евросонг“, го нарече тој инцидент „сериозно кршење“ на нејзината забрана на сите политички пораки на натпреварот.

ЕБУ наведе дека ерменската јавна телевизија ќе биде казнета, а како, ќе биде подоцна објавено.

Се наведува дека секое натамошно кршење на прописите на „Песна на Евровизија 2016“ може да доведе до дисквалификација од овогодишниот натпревар или идните натпреварувања.

Натпреварувачите од Ерменија и Азербејџан се квалификуваа за финалната вечер на „Евровизија“ в сабота.

Организаторите на „Евровизија“ претходно објавија дека на овогодинашниот натпревар за „Песна на Евровизија“ забранети се знамиња на Исламска држава, Крим, Република Донецк, Палестина, Нагорно-Карабах, Баскија, Северен Кипар и Косово.

Освен наведените знамиња што се објавени на сајтот на „Евровизија“, во салата нема да може да се внесуваат знамиња и транспаренти со политички или верски пораки, кои организаторот ги смета за несоодветни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top