| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон доби подарок од Раниери, дрес потпишан од сите фудбалери

bufon

Голманот на Јувентус и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон, се пофали со најновиот подарок што го доби од својот поранешен тренер, Клаудио Раниери. Буфон објави фотографија од добиениот дрес на Лестер на кој пишува „За Џиџи, нашата легенда“, со потписи на 28-те фудбалери на „лисиците“ што се изборија за шампионската титула во Премиер-лигата.

Италијанскиот стратег имаше одлична соработка со Буфон во периодот од 2007 до 2009 година, а токму голманот беше меѓу првите што испратија честитки за фантастичниот успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top