| четврток, 6 декември 2018 |

Бармените од спектакуларното шоу во Скопје продолжуваат на натпревар во Прага

Здружението на бармени на Македонија, како единствена институција на територијата на Македонија, има цел да ја подигне професијата бармен на повисоко ниво, а и да ја подигне коктел-културата, вчера го заврши шестото државно првенство на бармени, кое се одржуваше во рамките на треттиот Меѓународен саем за туризам – „Скопје травел маркет“.

DSC_5532 (Custom)

Петнаесет учесници што се дел од угостителскиот сегмент во Македонија беа дел од квалификациите, а се оценуваше според неколку критериуми: брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар-простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија и тајно оценување на вкусот. Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.

Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, десет од нив во финалето се бореа за титулата бармен на Македонија за 2013 година. Во финалето, критериумите и оценките се исти, но се изоставува оценката на техничкиот судија.

Како завршница на целиот настан се одржа краток спектакл во категоријата флертендинг, каде што од стручното жири се оценуваше брзина, техника на мешање пијалаци и изведба на сцена.

Победниците во класична подготовка на коктели се:

3. место: Никола Јосески – коктел „викторијан“

2. место: Љупчо Јаковлески – коктел „шарлиз терон“

1. место: Ванчо Стојанов – коктел „нешто посебно“

Победник во категоријата флертендинг:

Дарко Ангелов – коктел А-тини

1 mesto Flertending Darko angelov (Custom)

Победничките коктели: „Нешто посебно“на Ванчо Стојанов и „А-тини“ на Дарко Ангелов ќе го претставуваат Здружението на бармени на Македонија на светскиот натпревар во Прага од 16 до 22 август 2013 година. Стручното жири го сочинуваа Анџела Стефановска – професионален тренер за сертифицирање баристи, лиценцирани од SCAE (Speciality Coffee Association of Europe) и од Национален институт за италијанско еспресо, Јовица Мицевски – глевен сомелиер на Royal Caribbean cruise, Јово Манасиевски – поранешен тренер во International Cocktail School, и како почесен гостин Коста Петров – автор на македонскиот бестселер „Се гледаме на врвот“.

1 Mesto klasichna podgotovka na kokteli vanco stojanov (Custom)

2 mesto klasichna podgotovka na kokteli ljupco jakovleski (Custom)

Uchesnik vo Flertending - martin petrushevski (Custom)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top