Автопортрет на Франсис Бејкон и слика на Сај Туомбли беа продадени за повеќе од 71 милиони долари на аукцијата која беше организриана од „Сотби“ во Њујорк.
Сликата на Бејкон, која не била дадена на аукција 46 години, беше продадена за 34,97 милиони долари. Диптихот „Две студии за автопортрет“ на Франсис Бејкон (1909-1992 г.) е исклучително дело, еден од трите автопортрети на Бејкон. Делото е создадено во 1977 година, во годините по смртта на неговиот љубовник Џорџ Даер, кога Бејкон се свртел кон портретирање на темната страна на својата психа.
Сликата на Туомбли „Без наслов“ достигна цена од 36,7 милиони долари. Делото од серијата „Црна табла“ претставува сини контури на сива позадина.
Создадено во 1961 година, делото било закупено директно од авторот и од тогаш го нема променото својот сопственик.
На аукцијата беа дадени уште 44 производи на модерната уметност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Сликата „Без наслов“ на Баскијат продадена за рекордни 110,5 милиони долари