| четврток, 6 декември 2018 |

Љуљзим Баша: Министерот за внатрешни шверцува дрога!

Kryetari i ri i Bashkise se Tiranes Lulzim Basha, gjate nje mbledhje te Keshillit Bashkiak, ku ka bere betimin si kryetar i kesaj bashkie.

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша, најави дека денеска ќе објави нови шокантни докази за вмешаноста на актуелниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и неговите соработници, во производството и трговија со дрога.

На неговиот профил на Фејсбук, Баша соопштува дека се наоѓа посета на Рим од каде и ќе ги објави доказите.

– Со високи претставници на политиката во Рим ќе разговарам за тешката состојба во Албанија и европската иднина на земјата. Утре ќе објавиме и нови шокантни докази за вмешаноста на Тахири и негови соработници во производството и шверц на дрога, напиша синоќа Баша.

Претходно Баша изјави дека спроведувањето на парламентарните избори во 2017 година е тешко да се реализира, поради што, смета тој, потребно е формирање техничка влада.

– Параметрите се за една техничка влада, бидејќи Еди Рама покажа дека не е во состојба да гарантира слободни и фер избори. Без изборна реформа, ништо друго нема да функционира нормално во земјава, изјави Баша по средбата со парламентарната група на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top