СДСМ уште од сега најавуваат дека ќе кратат плати. Поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ, но и член на партискиот совет за економија на СДСМ објавен уште во 2011 година, Таки Фити, вели дека јавната администрација е огромна буџетска ставка и оти нивните плати нема да растат, туку напротив, ќе се намалуваат.
-Не знам што ќе се случува со платите на јавната администрација, знајте дека се тие огромна буџетска ставка и ако дојде сериозна ситуација ќе мора, не да растат тие плати, туку едноставно да се стегаат, да се намалуваат, најавува Фити.
Дали намалувањето на платите е најновата мерка на СДСМ и лидерот на опозицијата Зоран Заев, откако ја втурнаа државата во голема криза? Нема да биде големо изненадување доколку тоа е така, бидејќи СДСМ за луѓето единствено се познати по тоа што на улица избркаа 200.000 луѓе и затворија 684 претпријатија во Македонија.
Ваквите најави доаѓаат по сите напори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за секое работно место, во борба за намалување на невработеноста и нови инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.