| четврток, 6 декември 2018 |

„Несвесни болни говеда“ – До кога Герис ќе го навредува македонскиот народ

geros_thumb_medium500_281

По којзнае кој пат СДСМ и неговите мегафони го навредуваат и го понижуваат народот. Со понижувачки и крајно невкусни и навредливи зборови му се обраќаат на оној народ кој треба да ги награди со власт. Можеби тоа е така затоа што не очекуваат да ја добијат власта токму од народот, можеби затоа што имаат други планови – а тоа е власт без избори.

Најгласниот и најгнасниот од мегафоните, Бранко Геровски, не пропушта во колумните да плукне по народот.

Овојпат како повод му послужи појавата на јазлеста кожа кај говедата за да го спореди народот со болни говеда:

…Ме потсетија тие тажни и тапи погледи на погледите на стотиците следбеници на нашите гдомобрански говеда, кои на плоштадите ширум Македонија деновиве мантраат за избори на 5 јуни, додека нивната партија им ги чворосува тесните кожи. За разлика од паметните говеда од фармите, овие несреќни и излажани луѓе како да не се свесни за своите јазлести илузии, за тажната вистина дека работата е врвка.

И на едните и на другите, значи и на вистинските и на метафоричните говеда, им се случи, всушност, истото…

Иако не му е првпат, секојпат одново изненадува со степенот на омраза што го презентира во колумните кон својот народ – „несвесни болни говеда“ – смета Геровски дека живеат во оваа држава.

Gerovski Goveda

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top