| четврток, 6 декември 2018 |

Празник на италијанскиот театар на третиот Меѓународен театарски фестивал на МНТ

Од утре до 15 мај,  Меѓународниот театарски фестивал „МНТ фест“ ќе се претстават уметници од Италија од регионот Апулија со повеќе театарски и танцови претстави и филмски проекции.

Директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски претставувајќи ја програмата нагласи дека овие четири дена ќе бидат празник на италијанскиот театар и култура во Скопје и во Република Македонија.

Отворањето е утре во 19 часот со претставата „Сон на лентата ноќ“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Антонино де Нито. Оваа претстава критиката, ја оцени како претстава која зрачи со свежина и со ведрина од сите пори.
– Весела е и многу забавна. Играат актери од Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, рече Пројковски. Репризата на претставата е в петок, во 20 часот.

Националната опера  на борците гостува в сабота во 20 часот со „Планинските џинови“, по сценарио на Валентина Дијана, а во режија на Џузепе Семераро. Според режисерот, тоа е непромислено драмско дело кое од  пиранделовски театар иронично се стреми да создаде театар  поради театар, уметност поради уметност.

В недела во 19 часот ќе биде прикажана танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ и не голтаат јазици, пламни“ на театарот Алдес од Лука. Во 21 часот е проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат, Еуџенио Барба и годишнината на Один“ во режија на Давиде Барлети и Јакопо Квадри.
– Проекцијата на овој филм ја добивме благодарение на Франко Унгаро. Филмот е посветен на големиот светски режисер Еуџенио Барба и неговиот сега култен Один театар. Филмот претставува екслузивна можност да се погледне работата на Один театарот, рече Пројковски.

Франко Унгаро, директор на Медитеранската академија на актери и уметнички директор на театарот „Сан Доменико“ од градот Крема информира дека програмата со која се претставуваат е резултат на долгогодишната соработка со Пројковски. Додаде дека во изминатите 10 години направиле многу заеднички проекти и голем број активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top