Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот „Македонија“ кој денеска беше свечено отворен за посетители, а веќе пристигнаа и првите гости со што и официјално почна со работа.
-Познатиот ланец на хотели, „Мериот“, со потпис на „Мериот интернешнал“ го отвори својот прв хотел во Македонија, „Скопје Мериот хотел“, кој е ескпертски дизајниран со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот – велат оттаму.
Новиот хотел има поглед на реката Вардар и може да се пофали со низа иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, вклучувајќи го големото лоби на Мериот кое нуди отворена и флексибилна просторија за гостите во која ќе можат да се релаксираат, да работат или да се дружат, како и ресторан, два бара кои располагаат со фантастична селекција на локални вина и уникатни премиум коктели.
-Секоја од 164 гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман, нудат комбинација на традиционална архитектура и на модерен дизајн на ентериерот – ни соопшти директорот за продажба и за маркетинг Пјотр Ленцевски.
„Мериот“ е водечка компанија за хотелиерство, која поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји. Седиштето на компанијата се наоѓа во САД и има приближно 140.000 вработени.
-Хотелот во Скопје нуди одлични простории за деловните патници, флексибилни и стилски простории за состаноци, вклучувајќи седум посебни сали за настани. Ресторанот, пак, го презема спојот на различните култури на градот и најдобрите производи ги комбинира со источноевропските и со медитеранските влијанија. Најдобрите кулинарски дела вклучуваат свежа риба и Џоспер скара на јаглен која дава уникатен вкус на селекцијата на стекови од зреено месо во понудата – рече Ленцевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши