Во Македонија родителите сѐ уште ја употребуваат казната „ќотекот излегол од рајот“. Истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ за состојбата на жените и на деца во мулти индикторското кластерско истражување покажува мал број родители што физички ги казнуваат децата.
Но, во реалниот живот сликата е сосема поинаква, ваквото воспитување го употребуваат 53 проценти од Македонците, 51 процент од Албанците и 62 проценти од Ромите. Во насилството веруваат и жените. Триесет проценти од Албанките верувале дека е оправдано што добивале ќотек од мажите, по нив се Ромките со 25 проценти, а кај Македонките шест проценти. Дваесет и четири проценти од жените од руралните средини веруваат дека шлаканицата од сопругот не е навреда за нив. Вакви истражувања се направени на целата територија. Најзагрозени се правата на ромските жени и на децата.
– Јазот е многу голем помеѓу сиромашните и богатите – вели Јелдон Шел од УНИЦЕФ.
Од економски аспект, интересно во истражувањето е што и богатите и сиромашните уживаат во вкусот на никотинот. Бројките покажуваат дека секоја четврта жена пуши во бременоста. Позитивно во извештајот е што се зголемува бројот на деца, пред сѐ, во ромските средини кои одат на училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.