| четврток, 6 декември 2018 |

Тричковски и Мојсовски наградени се нови двегодишни договори од АЕК Ларнака

aek larnaka

Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов ги продолжија договорите со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака за дополнителни две сезони. Тие ќе ги бранат боите на овој клуб до јуни 2018 година.

Двајцата фудбалери дојдоа во овој клуб во зимскиот преоден рок, а со своите игри ги убедија челниците на АЕК да им понудат нови подолги договори. Мојсов одигра само седум натпревари, а пропушти повеќе поради повреда, но и тие малку натпревари беа доволни за да ги покаже своите квалитети.

На Тричковски, пак, очигледно му одговара кипарската лига, бидејќи по шесте месеци во АЕК повторно ја пронајде голгетерската форма и на 14 одиграни натпревари постигна седум погодоци.

aek larnaka 1

АЕК сезонава во кипарскиот шампионат ќе заврши на второто место зад шампионот АПОЕЛ, бидејќи на едно коло до крајот има седум бодови помалку, а осум повеќе од третопласираната Омонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top