Српскиот премиерот Александар Вучиќ изјави дека разузнавачките служби имаат информации дека е можно да дојде до немири во текот на најавените протести во Република Српска.
И опозицијата и власта најавија митинзи во Бања Лука на 14 мај, а Вучиќ рече дека Владата на Србија апелира до сите политички актери да го сочуваат мирот.
-Мирот и стабилноста се услови без кои Србија не може напред. затоа разговарав со Милорад Додик, Младен Иваниќ и Младен Босниќ и изразив загриженост поради ваквите информации, рече Вучиќ.
Како што истакна, постојат информации дека би можело да дојде до немири во Бања Лука и затоа Србија „ги моли сите политички актери во Република Српска“ се да помине во мирна атмосфера.
-Да не дојде до немири, сите патишта да бидат добро обезбедени. Не знам како ќе се зачува митор таму каде што ќе се сретнат двете групи на автобуси, но вемолам сите со целосна одговорност да ја согледате иднината на Република Српска, рече Вучиќ.
Српскиот премиер наведе дека немирите ќе претставуваат проблем и за Република Српска и за Босна и херцеговина, но и за самата Србија.
-Иднината и опстанокот на Република Српска би биле доведени во прашање со било какво судири или физички пресметки, а Србија ќе биде доведена во незавидна положба, рече Вучиќ на вонредната конференција за новинари.
Вучиќ рече дека информациите за можни нереди „ не се драматични, но се предупредувачки“. Како што истакна, информациите стигнаа од разузнавачките служби и тиа укажуваат на можност да дојде до поголемо кршење на редот и мирот и загрозување на безбедноста на луѓето во Република Српска.
Како што рече, неговите апели, Додик, Иваниќ и Босниќ „добро ги разбираат“.
-Само ги молиме да се зачува мирот во Република Српска бидејќи не ни треба било каков српско=српски судир. Една тепачка и после тоа никој не може ништо да зачува, рече Вучииќ.
Опозицискиот сојуз за 14 мај закажа протести на граѓаните поради лошата економска и социјална состојба, а потоа СНСД соопшти дека на истиот ден ќе организира митинг на своите приврзаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.