| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореник тврди дека е син на Принс

zatvornik-tvyrdi-che-e-sin-na-prins-374416

Затвореник од Колорадо, тврди дека е син и единствен легитимен наследник на починатиот американски пејач Принс.

Принс пред смртта не оставил тестамент и во овој моментот судбината на неговото богатство е непозната.

Карлин Вилијамс од Канзас Сити, Мисури, кој има 39 години, во моментов отслужува казна за поседување на оружје во украден автомобил.

Адвокатот на затвореникот сака да биде направен тест за утврдување на татковство. Мајката на Вилијамс под заклетва изјавила дека во Канзас Сити во јули 1976 година, со познатиот пејач имала сексуален контакт без заштита.

Судот веќе го одобри барањето за спроведување на ДНК тест за татковство. Резултатите се очекуваат најдоцна за еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top