| четврток, 6 декември 2018 |

ИД распространи мобилна апликација за деца

id-pusna-mobilno-prilojenie-za-deca-374425

Исламска држава распространи апликација за паметни телефони со оперативен систем „Андроид“ за деца, пишува БиБиСи.

Целта на апликацијата е да им помогне на децата полесно да ја науча арапската азбука. Секоја буква е илустрирана на поинаков начин. При притискање на една од буквите, се гледа пушка, на друга тенк.

Исто така преку апликацијата децата можат да слушаат детски песнички кои одговараат на оваа тема.

Исламска држава веќе има објавено и друга апликација, со која што можат да се следат најновите вести поврзани со џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top