| четврток, 6 декември 2018 |

Дечињата од Охрид раскажаа прекрасна фолкорна бајка

Фестивалот „Фолклорна бајка“ која деновиве се одржа во Охрид ги промовира културните вредности на македонската духовност кај младата популација. Бројни љубители на македонскиот мелос ја видоа сцената на која годинава за прв пат македонската изворна песна беше испеана од младите музички таленти.

-Богатата музичка историја на Македонија е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на македонскиот мелос и бројните рефрени препеани низ вековите.
Македонската изворна песна останува за поколенијата низ вековите, ја допира длабоко душата, ја прави убавината и вредноста на еден народ. Нашите млади таленти ќе ја чуваат традицијата на изворниот мелос. За сите изведувачи доделени дипломи од уметничкиот директор на Фестивалот, вели професор Наум Џуклески.

 На фестивалот настапија 11 дечиња кои отеаја исто толку изворни македонски песни.

,,Праша ли Тинке мајка ти,, песна која силно ги бранува емоциите. Остави длабоки траги низ времето прикажувајќи ја љубовната судбина која многумина ја проживеале. Нема генерација која не ја знае и не ја потпевнува, а ја изведе битолчанец Петар Петковски.

13151794_1775653152663799_6509971752329337345_n

,,Ах,каде,мојто,либе,,. … Таа е легенда на македонската музичка антологија. Ги открива чуствата но најдлабоките и исконски созвучја и мелодии кои со векови се создавале и негувале на ова поднебје. ,,Ах,каде,мојто,либе,, е песна која секогаш се пее од срце. Вокалните спобности на 13 годишната Ивана Коскоска донесоа сосема нова звучна димензија, спојувајќи ги во едно традицијата и авторската индивидуалност на оваа преработка.

13151825_1775650449330736_5838475122405751370_n

Никнало, никнало, Цвеќе шарено, Пред моми, пред моминото Пенџерче.
Една од најубавите и најстарите лирски изворни песни дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ. Оваа прекрасна песна ни ја испеа 12 годишниот Стефан Спироски.

13124978_1775648662664248_1892746758007934301_n

Песната „Ја излези стара мајко на пенџерето“ настанала токму тука над Сараишче, на улицата „Самоилова“. Осман-бег от кој бил многу убав од тука поминувал со бел коњ и одел горе накај Имарет. Тогаш го здогледала девојката која заслепена од неговата убавина со часови седела на пенџерето. „Ја излези стара мајко на пенџерето/ па да видиш кој помина /ми помина Осман бегот, мила мајче ле…“вчеравецер во одличната интерпретација на 11 годишната Сара Ристоска.

13139315_1775646529331128_1666378510307888104_n

Јадро на овој концерт беа љубовните песни од нашата богата фолклорна традиција. Македонските љубовни песни еднакво возбудуваат и со длабочината и едноставноста на текстот и совршената лирска мелодика. Токму песната ,,Те видов и се заљубив,, сама по себе беше ремек-дело, а во оваа реинтерпретација не изгуби ниту трошка од својата автентичност, напротив, таа беше збогатена со одличната изведба на Марија Џуклеска.

13151973_1775645285997919_5085275100949355273_n

Песната по која најчесто не’ препознаваат е „Македонско девојче”. Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух. Македонско девојче овојпат во изведба на 9- годишната Стефани Крстиќ.

13177690_1775640929331688_8814555315884655997_n

,,Мајка на Марика думаше,, една од најпознатите македонски песни чии стихови можеа да се слушнат и во изведба на големиот Тоше Проески. Тоа е песна која пред педесетина години ја испеал Никола Бадев и долги години се слушала и изведувала. Публиката уживаше во изведбата на Даниела Шибакоска.

13151627_1775639375998510_1506262438863994598_n

„Болен ми лежи млад Стојан“ прекрасна македонска народна песна со текст на вистинска потресна драма. Се верува дека е една од најопеаните песни . Овој пат пееше малата Елена Јанеска.

13092082_1775638455998602_6865010076691480713_n

Љубовниот мотив во оваа песна е сведок за бројни примери за неостварени љубови поради одбивањето на родителите да го прифатат избраникот на нивното дете. Сара Цикуш ја отпеа познатата народна песна „Што да правам, што да чинам“ во нова, досега нечуена верзија на оваа прекрасна народна песна.

13138788_1775635205998927_734424999770308517_n

Оваа песна ја остави публиката да си замине со мисла дека никогаш нема да се повтори ваков спектакл. Зборовите побудуваа емоции и чувства за едно одамна поминато време. Самата изведба не остави никого рамнодушен…. „Јовано Јованке“предизвика воодушевување кај присутните во Центарот за култура. Христијан Николоски со совршена изведба.

13102786_1775633909332390_8720486708681283164_n

Старите охриѓани, посебно варошани, сеуште ги раскажуваат сеќавањата кога во вечерните часови, обично во саботите ќе се запеело по старите охридски улици, низ Варош и Месокастро. Велат, тука нашата музика звучела поубаво, подостоинствено. Такви биле времињата. Една од најопеаните песни по тесните сокаци била ,,Јас сум мома охриѓанка,,. Од сцената на Фолклорна бајка за копнежите, убавината, невозвратената љубов пееше Ивана Трајкоска.

13151779_1775632382665876_3568424529999584153_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top