На 14 и 15 мај оваа година се одржува Третиот Скопски цветен фестивал во Градски парк Скопје.
Фестивалот има ревијален карактер а идејата е да прерасне во традиционален и интернационален. Фестивалот започнува со цветно дефиле од деца и ученици во нижите одделенија и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија, а во двата фестивалски дена се одржуваат креативни работилници за сите возрасти, арт галерии, рекреативни активности на отворено и многу забава, уметност и дружење на сите љубители на цвеќето и природата.
Покровител на фестивалот е Градоначалникот на Град Скопје а организатор е ЈП Паркови и зеленило -Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.