Подвижниот музички театар (Moving Music Theatre-MMT) од Битола освои три награди на Меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека.
Уметничкиот директор на ММТ Битола Марјан Неќак изјави дека настапот на фестивалот во Хрватска бил високо оценет и награден со најголемите фестивалски признанија.
– Моно операта „Дневникот на лудиот“ на Фестивалот Мали Сцени во Ријека освои три награди и тоа награда за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, истакна Неќак.
ММТ викендов настапи на Интернационалниот фестивал за монодрама во Битола и се подготвува за летна турнеја низ Хрватска.
Моно операта „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Марјан Неќак, во која настапува актерот Озрен Грабариќ минатата година беше изведена и на фестивалот „Охридско Лето“, а лани есента прогласена за најдобра претстава во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст