| четврток, 6 декември 2018 |

Три награди во Риека за ММТ-Битола и моно операта „Дневникот на лудиот“

Подвижниот музички театар (Moving Music Theatre-MMT) од Битола освои три награди на Меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека.

Уметничкиот директор на ММТ Битола Марјан Неќак изјави дека настапот на фестивалот во Хрватска бил високо оценет и награден со најголемите фестивалски признанија.

– Моно операта „Дневникот на лудиот“ на Фестивалот Мали Сцени во Ријека освои три награди и тоа награда за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, истакна Неќак.

ММТ викендов настапи на Интернационалниот фестивал за монодрама во Битола и се подготвува за летна турнеја низ Хрватска.

Моно операта „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Марјан Неќак, во која настапува актерот Озрен Грабариќ минатата година беше изведена и на фестивалот „Охридско Лето“, а лани есента прогласена за најдобра претстава во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top