| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството не смее да му каже на Бата Живоиновиќ дека му е ампутирана ногата

Легендарниот актер Велимир Живоиновиќ – Бата на кој во петокот му ја ампутираа левата нога, сѐ уште не знае дека останал без неа.

Velimir-Bata-Zivojinovic-620x350

За да му го спасат животот, лекарите по добиената согласност од семејството итно му ја отстраниле ногата до над колено.

Поради гангрената почнале да му откажуваат органите и ова бил единствениот начин да преживее.

Лекарите го советувале семејството на актерот сѐ уште да не му се каже дека ја загубил ногата поради можен стрес, кој може дополнително да му ја наруши здравствената состојба. Семејството донело одлука да не му кажуваат на Бата дека ја загубил ногата сѐ додека неговата состојба не се подобри.

Сопругата Лула изјавила дека состојбата на Бата била критична, но и дека сега е под силни лекарства и дека полека закрепнува.

-Му благодарам на Господ што бактеријата што му предизвикуваше хаос во организмот не е повеќе во неговото тело и дека пополека се враќаат виталните параметри, кои беа многу загрозени – изјавила Лула.

lula i bata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top