| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете ја последната фотографија на Бата Живојиновиќ

Последната фотографија на Бата Живојиновиќ како вистински боем во „свој елемент“ направена е во ресторанот „Беванда“ кој славниот актер редовно го посетувал.

91525_1bata zivojinovic

Секое утро на Бата почнувало со кафе во ресторанот Беванда прекупат на неговата зграда. Во овој угостителски објект Валтер направил и најголем број на интервјуа.

Последниот пат сопственикот и сите вработени со своето присуство ги расположил само неколку дена пред  Велигднеските празници  кога заминал во болница.

91525_20160523_122628

Личниот готвач на Бата, Бојан Станковиќ  дал куса изјава за тоа каков бил  легендарниот  актер.

-Многу ми е жал. Не можам да верувам дека го нема. Последен пат беше тука пред да замине во болница. Неговата сопруга Лула ќе ме побараше на телефон и јас со колегата ќе се качевме кај нив во зграда и ќе го симневме во неговата количка во нашиот ресторан“, раскажал Станковиќ.

-Секој негов ден го почнуваше кај нас пиејќи кафе. Сакаше се да јаде. Многу сакаше да си нарача и виски по кафето. Штом ќе се појавеше во нашиот ресторан владееше некоја позитивна енергија. Многу ќе ни недостасува“, заклучил личниот готвач на Бата.

91525_bata zivojinovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top