| четврток, 6 декември 2018 |

Европска лига и квалификации за ЕП: Објавен списокот на македонски одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација во текот на летниот период повторно ја очекуваат настапите во Европската лига (лани го освои второто место), а потоа во септември и квалификациските дуели за Европското првенство. Селекторот Жарко Ристоски подготовките ќе ги почне на 16 мај (понеделник) во Маврово, а дел од нив ќе се одржат и во Скопје.

Повикани се следните играчи: Филип Деспотовски, Ѓорѓи Ѓоргиев (техничари), Никола Ѓорѓиев, Јовица Симовски (коректори), Ѓоко Јосифов, Перо Стојчев, Ристо Клопчевски, Дејан Симовски, Славе Наков (средни блокери), Владо Милев, Александар Љафтов, Иван Андонов, Стојан Илиев (универзалци), Васе Михаилов, Дарко Ангеловски (либера).

Натпреварите од Европската лига Македонија ќе ги игра во Бугарија (10-12.јуни) и во Скопје СЦ „Борис Трајковски“ (17-19.јуни). Македонија е во група со Бугарија, Данска и Албанија, а двете првопласирани селекции ќе играат на фајнл – фор турнирот.

Во квалификациите за ЕП 2017, од 15 до 25 септември, противници на нашата селекција се: Чешка, Романија и Естонија. Натпреварите турнирски ќе се играат во Романија и Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top