Латинскоамериканската дива се навикнавме да ја гледаме беспрекорно дотерана и во раскошни тоалети, со бујна фризура, но овој пат Џенифер Лопез покажа дека исто толку добро изгледа и во лежерно издание.
Цеј Ло одморала на плажа, а марамата и големите очила ги искористила да се камуфлира.
Но доколку не споделеше фотографии на „Инстаграм“ можеби и ќе можеше да го скрие својот идентитет но вака цлата плажа во рекордно време беше „преплавена“ од фоторепортерите , кои сакаа да ја фотографираат пејачката во несекојдневно издание.
Само еден ден порано со иста таа марама на главата Џенифер се прошетала до пекарница за да си купи појадок но и тогаш не успеа да им избега на папараците, а критичарите ѝ порачаа дека можеби треба да намали со тестото поради тоа што повторно има проблеми со целулитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.