| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувано, Златан Ибрахимовиќ е избран за најдобар фудбалер во француското првенство

Златан Ибрахимовиќ на заминувањето од Франција освои уште едно индивидуално признание, откако шведскиот ас вечерва беше избран за најдобар фудбалер во францускиот шампионат за оваа натпреварувачка сезона. Ова е трета година во низа како Ибрахимовиќ се закитува со „оскарот“ во францускиот фудбал, но изборот е сосема очекуван со оглед на 35 погодоци што Ибракадабра ги постигна сезонава.

Зад него на овогодинешното гласање се најдоа Анхел ди Марија, Хатем Бен Арфа и Ласана Диара, додека наградата за најдобар млад фудбалер замина во рацете на Осман Дембеле од Рен.

Последен предизвик за Ибрахимовиќ во францускиот фудбал ќе биде да стигне до уште еден трофеј во националниот куп, каде што во финалето ќе игра со Олимпик Марсеј на 21 мај, по што Швеѓанецот и официјално ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top